Зидан потврди дека ќе му даде шанса на Герет Бејл


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Зинедин Зидан истакна дека е подготвен да му даде шанса на Герет Бејл оваа сезона и покрај тоа што инсистираше тој да замине во летниот преоден рок.

Бејл не успеа да реализира трансфер во Кина и се чинеше дека остатокот од оваа полусезона, до јануари ќе го помине на трибините, но по повредата на Асенсио и Азар, Велшанецот веројатно ќе добие шанса во тимот.

„Излгедаше дека Бејл ќе замине, но тој е денес со нас. Работите се менуваат. Од сега, јас ќе сметам на него, исто како и на другите. Сметам на сите играчи кои ги имам. Тој си има свое место, тој е важениграч и се надевам дека сите играчи ќе ми направат потешкотии кога ќе го бирам тимот“- истакна Зидан.