Оле Гунар Солскјер потврди дека смета на Алексис Санчез и откри на која позиција ќе игра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер истакна дека ќе смета на Алексис Санчез за оваа сезона и ги отфрли шпекулациите дека Чилеанецот бил префрлен во вториот тим на Манчестер Јунајтед.

Норвежанецот потоа истакна дека Санчез веројатно оваа сезона ќе добива поголема шанса во нападот на „црвените ѓаволи“.

„Алексис е голем професионалец. Доаѓа на тренинг секој ден и на сите тренинзидава максимум. Сака да биде дел од нашиот тим. Приказните дека ќе биде префрлен во резервите се лага. Тој е дел од нашиот состав и можам да ви кажам дека може да заигра на повеќе натпревари отколку што вие очекувате. Очекувам да игра во нападот, каде сме најтенки оваа сезона“ –изјави Оле Солскјер.