Покетино несигурен за иднината на Кристијан Ериксен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино истакна дека не е сигурен дали Кристијан Ериксен ќе остане во клубот ова лето.

Ериксен има уште една година од неговиот договор со „петлите“ и само ова лето може да си замине и клубот да заработи, во спротивно би можел да оди како слободен агент следната сезона.

„Не знам дали ќе биде со нас по крајот на овој преоден рок. Моја цел е да помогнам на сите играчи, моја работа е да ги поддржам се додека одлучат да преземат поинаков чекор во нивната кариера“ –истакна Покетино.