Баерн киксираше уште на стартот: Херта Берлин им откина два бода (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Баерн Минхен со кикс ја започна новата сезона во Бундеслигата откако ремизираше на домашен терен со Херта Берлин (2:2).

Левандовски во 24. минута го донесе домашниот тим во водство по одличната асистенција на Серж Гнабри.

Ведад Ибишевиќ израмни во 34. минута, а само две минути уште еден Балканец, Марко Грујиќ зголеми на 2:1 за Херта Берлин.

Конечниот резултат го постави Роберт Левандовски со гол од пенал во 60. минута.

Ова е прв неуспех на Баварците на домашен терен по 11 победи во низа на „Алијанц Арената“ во Бундеслигата.