„Мундо Депортиво“: Реал Мадрид го договори трансферот на Нејмар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар во последните денови повторно е во центар на внимание. Откако пред две години го направи најскапиот трансфер во историја, сега повторно е на чекор до нов трансфер.

Парижаните сакаат да се ослободат од незадоволниот Бразилец, а иако се шпекулираше за враќање во Барселона, сепак најновите шпекулации се дека 27-годишниот фудбалер ќе се пресели во Реал Мадрид.

Новинарот на „Мундо Депортиво“, Францеск Агилар објави дека ПСЖ и Реал Мадрид конечно се договориле за Нејмар, а колку пари ќе изнесува засега не е познато.

Меѓу тие кои го коментираа и потенцијалниот трансфер на Нејмар беше Ривалдо, кој кажа дека преселбата на Бразилецот во Мадрид не би бил предавство, зашто не го направил тоа директно од Барселона.

Да потсетиме, Нејмар досега за ПСЖ одигра 58 меча, а притоа постигна 51 гол и 29 асистенции.