Колашинац и Озил случајно се нашле во пресметката на бандите

Фудбалерите на Арсенал, Сеад Колашинац и Месут Озил повторно тренираат со останатите соиграчи во лондонскиот клуб, но ќе останат под 24-часовна заштита поради инцидентот со разбојниците, кои се обидоа да ги ограбат пред три недели.

Полицијата во Лондон откри дека фудбалерите на Арсенал случајно се нашле во пресметка на две банди во Лондон.

Англиските медиуми синоќа ги објавија деталите од полицијата за нападот врз фудбалерите.

„Колашинац и Озил воопшто не се виновни, туку тие случајно се нашле во пресметка меѓу две лондонски банди. Ова е класичен пример за тоа што се случува во последните десет години во Англија“, пишува меѓу другото во извештајот на полицијата.

Advertisements