Гризман по неполн месец го менува бројот на дресот во Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Ентоан Гризман синоќа дебитираше во дресот на Барселона во поразот од 0-1 против Атлетик Билбао.

Гризман ги одигра сите 90 минути на гостувањето, но не се прослави, односно не создаде ниту една сериозна шанса и ги разочара навивачите.

Барселона го ангажираше Французинот од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра и јасно е дека очекува многу од него, а при пристигнувањето Гризман го избра бројот 17.

Сепак, „Мундо Депортиво“ пишува дека Гризман ќе го добие бројот седум, откако Филипе Кутињо ќе се пресели во Баерн Минхен, со што бројот седум ќе остане слободен.

Од Гризман се очекува многу во новата сезона, па навивачите се надеваат дека ќе ја поправи играта во следните натпревари.