Каталонски „Спорт“: Барселона со продажбата на Кутињо му нанесе удар на Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона го договори трансферот на Филипе Кутињо во Баерн Минхен, па така му нанесе удар на Реал Мадрид, кој нема да може да се ослободи од Герет Бејл, кој исто така се поврзуваше со Баварците.

Во претходните недели се шпекулираше дека постои можност да се пресели во Баерн, но по трансферот на Бејл такво нешто не е возможно и тоа значи дека Бејл ќе остане во Мадрид.

Каталонски „Спорт“ објави утринава дека тоа бил голем удар за Бејл и Реал Мадрид, зашто им ги расипале плановите.

Очигледно Баерн бил единствен излез на Бејл летово, но во секој случај треба да се земе во предвид и изјавата на Зинедин Зидан, кој вчера кажа дека репрезентативецот на Велс ќе остане во клубот и ќе смета на него во новата сезона.