Верувале или не: Добил отказ од тимот, зашто лажел за – својата висина!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден француски клуб се најде во центар на внимание, откако се реши на навистина невообичаен потег, кој ја зачуди јавноста.

Тие неодамна ангажираа американско-нигериски кошаркар Џамар Акохо, но веднаш му дадоа отказ од екипата.

Причината е навистина неверојатна, зашто кошаркарот лажел за висината, а тоа во францускиот клуб не му го простиле.

Во тимот очекувале крилниот-центар да биде висок 203 см, но по мерењето се покажало дека има „само“ 197 см и му соопштиле дека треба да си побара нов клуб.

Па така овој 23-годишен кошаркар мора да побара нова екипа, а ова сигурно ќе му биде едно непријатно искуство во кариерата.