Голема чест за Паркер: Сан Антонио ја повлекува неговата „деветка“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сан Антонио спарс реши да го повлече од употреба дресот со број девет , кој со години го носеше Тони Паркер.

Французинот го носеше дресот на Сан Антонио дури 17 години, а притоа освои четири титули во НБА-лигата, а во 2007 година стана и МВП.

Тогаш францускиот плејмејкер стана и првиот Европеец, на кој му успеало такво нешто.

Инаку, дресот со број девет на Паркер ќе биде десетти дрес, кој го повлекува Сан Антонио од употреба, а претходното се случи со бројките на Ману Џинобили и Тим Данкан.

Сан Антонио го избраа Паркер како 28. пик на НБА-драфтот во 2001 година, а тој дресот го носеше до 2018, по што се пресели во Шарлот хорнетс.