„Кралски“ старт на сезоната: Реал Мадрид ја прегази Селта (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид ја почна сезоната во шпанската Ла Лига со убедлив триумф од 3-1 против Селта виго.

Првиот погодок на средбата го постигна Карим Бензема во 12. минута и „кралевите“ поведоа со 1-0, по што продолжи доминацијата, но не успеаа да ја затресат повторно мрежата на противникот.

Во продолжение од мечот Лука Модриќ доби црвен картон по прегледување на ВАР-снимка и мораше порано да го заврши дуелот.

Сепак, „кралевите“ продолжија со доминацијата и стигнаа до 2-0 преку проектилот на Тони Крос, а на 3-0 зголеми Лукас во финишот од мечот.

Домаќините успеаа да намалат преку Лосада, кој во 91. минута ги постави конечните 3-1.