Спомен-плочата на Гризман пред Ванда Метрополитано синоќа беше корпа за ѓубре


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите на Атлетико Мадрид почнаа да се навикнуваат на живот без Антоан Гризман.

Одличниот Французин ова лето ги напушти Јорганџиите и потпиша за Барселона, а во очите на навиваќите стана омразен играч, пред се поради начинот на кој замина.

Доказ дека тешко ќе му простат приврзаниците на Атлетико Мадрид е она што го направија пред првиот лигашки натпревар во новата сезона.

Додека спомен-плочите на останатите играчи пред стадионот на Атлетико беа чисти, плочата на Гризман изгледаше како корпа за ѓубре.

Имено, навивачите врз неговата спомен-плоча фрлаа лименки, кеси со чипс и останати отпадоци.