Виктор Валдес објасни зошто не дозволил јуниорите на Барса да играат против Евертон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на јуниорскиот тим на Барселона, Виктор Валдес се најде на голем удар на јавноста откако неговиот тим не одигра меч за третото место на Отен Купот.

Имено, јуниорите на Барселона во полуфиналето овој турнир беа поразени од Интер, а за трето место требало да играат против Евертон. Но, сите биле во чудо кога играчите на Барселона не се појавиле на стадионот.

Шпанските медиуми објавија дека Валдес одлучил неговиот тим да не игра на тој натпревар и им наредил на играчите да се спакуваат и да се вратат во Барселона.

Валдес поради овој потег се најде на мета на критики, но по доаѓањето во Барселона објаснил зошто го направил тоа.

„Како личност која е одговорна за своите играчи одлучив да не играме против Евертон за третото место. Мојата одлука се базира на тоа да го сочувам здравјето на играчите бидејќи не бевме задоволни како беше турнирот организиран, односно немаше доволно одмор помеѓу натпреварите. Овие играчи не се навикнати на таков напор и тоа беше единствена исправна одлука. Секогаш ќе ги штитам своите играчи без обзир на тоа какви се последиците“, изјавил Валдес.