Медведев стигна до првиот Мастерс во кариерата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Данил Медведев е победик на Мастерсот во Синсинати откако со 2:0 (7:6; 6:4) го победи Давид Гофин после 1 час и 39 минути игра.

Првиот сет беше одлучен после тај-брејк откако двајцата тенисери направија по еден брејк. Русинот тоа го направи во четвртиот, а Белгиецот во седмиот гејм. Во 13. гејм поуспешен беше Медведев со 7-3.

Во вториот сет рускиот тенисер веднаш дојде до брејк, до крајот на мечот беше сигурен на својот сервис и така стигна до својот прв трофеј на турнирите во Мастерс сирјата.

На Медведев ова му е најголем успех во досегашниот дел од кариерата, а претходно ги имаше освоено четирите турнири од АТП серијата: Токио, Софија, Винстон Салем и Сиднеј.

На новата АТП листа Медведев ќе биде петти тенисер во светот.