Официјално: Филипе Кутињо се пресели во Баерн Минхен (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Филипе Кутињо се пресели во Баерн Минхен од Барселона, кадешто ќе остане на позајмица до крајот на сезоната.

Германскиот шампион ќе има можност да го откупи Бразилецот на крајот на сезоната, но не сакаше да ги открие финансиските детали.

Од таборот на Баварците покажаа големо задоволство што го ангажирале одличниот фудбалер, а Кутињо порача дека е среќен што пристигнал во Минхен.

„Ова е нов предизвик во мојата кариера и тоа со еден од најдобрите европски клубови. Јас и Баерн имаме големи амбиции и ќе се обидеме да ги постигнеме во новата сезона“, порача Кутињо.