Барселона се поти, Реал има подобри адути во трката за Нејмар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид не се откажува од потписот на Нејмар, па до крајот реши да се бори со Барселона за трансфер на ѕвездата на ПСЖ.

Заминувањето на Филипе Кутињо во Баерн Минхен ги закомплицира работите на Барселона, па сега ќе мора да ги понуди Осман Дембеле и Нелсон Семедо во замена за Нејмар.

Од друга страна, од Париз повторно гледаат кон Мадрид. „АС“ пишува дека претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез планира да го вклучи Хамес Родригез во трансферот, како и Иско или Кејлор Навас.

Нејмар мудро молчи во моментов и чека епилог од целата драма, па останува да видиме кој ќе го добие потписот на талентираниот Бразилец.