Лејкерс пронајдоа замена за Казинс: Поранешна ѕвезда пристигнува во Лос Анџелес


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс пред почетокот на сезоната останаа без ДеМаркус Казинс, кој доживеа тешка повреда на коленото, па тие мора да бараат замена на центарската позиција.

Според последните информации, очигледно ја пронашле, а нов кошаркар на Лејкерс треба да биде Двајт Хауард, кој веќе го носеше нивниот дрес во сезоната 2012/13.

Поранешниот најдобар центар на лигата има договор со Мемфис Гризлис, но тоа не би требало да биде проблем, зашто се очекува откуп на договорот.

Хауард своите најдобри настапи ги имаше во дресот на Меџик, а настапуваше уште и за Хјустон, Атланта, Шарлот и Вашингтон, а во кариерата има просек од 17,4 поени и 12,7 скокови по меч.