Крај на шпекулациите: Солскjер откри каде ќе ја продолжи кариерата Погба (ВИДЕО)

Реал Мадрид цело лето се обидува да го договори трансферот на Пол Погба од Манчестер јунајтед, но Французинот ќе остане во англискиот премиерлигаш.

Тренерот на англискиот гигант, Оле Гунар Солскјер потврди дека францускиот репрезентативец летово нема да го напушти „Олд Трафорд“ и покрај големиот број на шпекулации.

„Немам апсолутно никаква грижа што се однесува до иднината на Погба. Верувам дека ќе остане во Јунајтед летово“, им порача Норвежанецот на новинарите.

Англиските медиуми објавија дека Јунајтед не сака да го продаде Погба, зашто нема да може да донесе негова замена во моментов.

Advertisements