Модриќ збесна по неправдата, Реал Мадрид најави тужба!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лука Модриќ во саботата доби црвен картон против Селта (3-1), па во 56. минута мораше да го напушти теренот. Тој заработи исклучување, откако на аут-линијата згазна противнички фудбалер.

Судијата Хавиер Естрада по прегледување на ВАР-снимката го исклучи Хрватот, па Модриќ се огласи на социјалните мрежи и порача дека судиската одлука не била праведна.

„Исклучен сум поради случајна акција. Неверојатно…“, порача Модриќ.

Ниту во Реал нема да седат мирно, па најавија жалба до раководството на лигата.

Да потсетиме, Модриќ поради црвениот картон би можел да добие и до три меча суспензија.

Во судискиот извештај пишува дека Модриќ со нога го удрил противникот по Ахиловата тетива без можност да стигне до топката.