Тотален хаос: Баерн објави едно, а Барселона друго соопштение…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Баерн Минхен и Барселона денеска потврдија дека постигнале договор за Филипе Кутињо. Бразилецот официјално беше претставен како нов фудбалер на Баварците, кадешто ќе игра сезонава на позајмица, а наредното лето ќе може да го откупат за 120 милиони евра.

Двата клуба на официјалните страни потврдија дека Кутињо се сели во Баерн, но во соопштенијата се случи хаос.

Прво се огласи Баерн, кој порача дека во договор со Барселона нема да објавува финансиски детали, а само неколку минути подоцна Каталонците објавија дека едногодишната позајмица ќе чини 8,5 милиони евра, плус Баварците ќе ја плаќаат неговата плата.

Исто така, каталонскиот клуб потврди дека наредното лето може да се пресели во Баерн за сума од 120 милиони евра.