Невеш со спектакуларен погодок му откина два бода на Манчестер Јунајтед (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед не успеа да слави на последниот натпревар од 2. коло во Премиер лигата одигран на „Мулину“ кај Вулверхемптон.

Натпреварот заврши без победник, 1:1, а „ѓаволите“ има за што да жалат затоа што Погба во второто полувреме не искористи удар од белата точка.

Резултатот го отвори Ентони Марсијал со гол во 27. минута по убавата асистенција на Рашфорд. Сепак моментот на вечерта беше во 55. минута кога Рубен Невеш на спектакуларен начин го совлада Давид Де Геа.

Манчестер Јунајтед пропушти шанса да победи на овој натпревар затоа што во 68. минута, Пол Погба не успеа да реализира пенал.