„Не можете да бидете најдобар играч во историјата, ако не сте освоиле Светско првенство“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Некогашниот тренер на Реал и селектор на Шпанија, Хозе Антонио Камачо призна дека му се восхитува на напаѓачот на Барселона, но инсистираше дека еден трофеј му фали на Меси.

„Тој е многу добар играч. но не можеше да кажете дека е најдобар на светот, а камоли во историјата, ако сте Аргентинец и не освоите Светско првенство“, рече Камачо во интервју за Ел Мундо.

„Постојат земји со помалку традиција во кои победа на Светско рпвенство не е значајна, но Аргентина е доминантна сила. Не, без Светско првенство Меси не може да биде најдобар“.

„Тој може да го одлучи натпреварот во било кој момент. Може да постои потполна рамнотежа помеѓу двете екипи, но тој е Лионел Меси и тој може изненадно да ја разбие рамнотежата“, изјави шпанскиот стручњак.