Арсенал тргнува по нови засилувања, а вака би изгледал тимот во јануари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лондонски Арсенал ова лето беше изненадувачки активен на пазарот.

Повеќе од 130 милиони фунти беа потрошени на засилувања, а најмногу се потроши на Николас Пепе, кој беше платен 72 милиони фунти.

СЕпак, иако беа потрошени доста пари, раководството на Топџиите нема да запре ни во јануари. Најавени се нови засилувања, а тимот ќе тргне по играчот на Кристал Палас Вилфред Заха и дефанзивецот на Јувентус Даниеле Ругани.

Заха после сични обиди да замине сепак на крајот остана во Палас. Меѓутоа известо е дека тој ќе биде продаден во јануари, а Арсенал е спремен повторно да го сруши трансфер рекордот и да издвои 80 милиони фунти за овој фудбалер.

Исто така, се очекува нов обид за доведување на Ругани. Засилувања во одбраната се неопходни, а за овој фудбалер Јувентус ќе мора да издвои помеѓу 30 и 40 милиони фунти.

Можно е да дојде уште некое засилување на Емирати, но составот со овие двајца фудбалери би изгледал многу импресивен.