ПСЖ одби три ѕвезди на Реал Мадрид плус 100 милиони евра за Нејмар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот шампион ПСЖ сака да го продаде Нејмар, но едноставно не сака да прифати понуда од заинтересираните страни.

Светските медиуми пишуваат дека парижаните одбиле понуда од Реал Мадрид, која вклучувала три фудбалери плус 100 милиони евра.

„Кралевите“ ги понудиле Хамес Родригез, Кејлор Навас и Герет Бејл плус 100 милиони евра, па се надевале дека ПСЖ ќе се согласи да им го продаде Нејмар, но такво нешто не се случи.

До крајот на преодниот рок има помалку од две недели, па Јувентус, Реал Мадрид и Барселона ќе продолжат со борбата за потписот на Бразилецот.

Да потсетиме, Барселона го сакаше Нејмар на двегодишна позајмица, по што мора да го откупат за сума од 180 милиони евра.