Секулов доби професионален договор од Јувентус (ФОТО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од најталентираните македонски фудбалери, Никола Секулов, кој настапува во дресот на Јувентус, односно во младинските категории денеска потпиша прв професионален договор.

Фудбалерот кој се откажа од дресот на македонската репрезентација и го замени истиот со италијанскиот, кадешто е роден, денеска се пофали на социјалните мрежи дека му се исполнил сонот, откако потпишал договор со шампионот Јувентус.

„Ова е посебен момент за мене и моето семејство, зашто по голем труд и жртвување, конечно ми се оствари сонот да станам професионален фудбалер на Јувентус. Но, ова сакам да е почеток на еден нов пат во овој дрес и се заблагодарувам за дадената поддршка од страна на управата, но и од страна на моето семејство и мојот агент, без кои немаше да стигнам до тука“, објави Секулов на „Фејсбук“.