Претседателот на Милан почна да „пецка“: Јувентус не е ни блиску до нас!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на Милан, Паоло Скарони на еден состанок кажа дека Јувентус уште не е ниту блиску до неговиот тим.

Иако Јувентус седум години по ред доминира во Италија, па има и една од најсилните екипи, сепак Скарони поинаку ја гледа разликата меѓу тимовите.

„Милан е светски клуб, а Јувентус е само италијански тим. Милан беше седум пати шампион на Европа и тој е популарен на глобално ниво, Јувентус не е ниту блиску до нас. Ние продаваме дресови во Индонезија, Тајланд и Бразил, а таква популарност се добива со освојување на Лигата на шампиони. Секако, секоја чест за домашните титули на Јувентус, тоа е голем успех, но тие нема да ја освојат Лигата на шампиони“, кажа Скарони.