„Војната“ меѓу ПСЖ и Нејмар заврши: Позната е иднината на Бразилецот!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Војната“ која почна пред неколку месеци меѓу Нејмар и ПСЖ е завршена, па очигледно тоа значи и дека е позната иднината на Бразилецот.

„Л’Екип“ пишува дека Бразилецот ќе остане во Париз, иако цело лето се поврзува со Барселона, Реал Мадрид и Јувентус, но никој не можеше да го убеди ПСЖ да го продаде Нејмар.

Заминувањето на Нејмар беше очигледно откако ПСЖ донесе одлука Бразилецот да тренира сам, но според последните информации ситуацијата се променила повторно.

„Нема повеќе војна меѓу двете страни. Тие разговараат на цивилизиран начин од неделава“, пишуваа францускиот медиум.

ПСЖ во недела игра против Тулуз, а се очекува Нејмар да заигра по првпат, откако го повреди стапалото.