Алиоски го постигна 15-от гол за Лидс и израмни рекорд на шкотска легенда!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски имаше уште еден одличен меч за Лидс, откако вчера во победата од 3-0, го постигна својот прв гол сезонава, односно 15-ти вкупно за англискиот тим.

Алиоски и сезонава често игра како лев бек, но може да го забележиме и во нападот на Лидс, па со неговиот најнов погодок тој урна рекорд стар 30 години.

Според статистика на Твитер, Алиоски израмни рекорд на шкотската легенда Гордон Страхан. Македонскиот репрезентативец успеа да постигне гол на две гостувања по ред кај незгодниот Стоук.