Зидан со барање до фановите: Навивачите немаат избор, мора да ни помогнат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид во второто коло на шпанската Ла Лига на „Сантијаго Бернабеу“ одигра само 1-1 против Ваљадолид. Резултат кој дефинитивно не ги задоволи навивачите, а тренерот Зинедин Зидан повика на трпение.

Зидан порача дека навивачите мора да им помогнат на фудбалерите во борбата за бодови.

„Забележав дека и навивачите, а не само ние, се под притисок на домашен терен. Но тие мора да ни помогнат. Немаат избор. Знам дека е тешко, но ова го барам од нив за да ни дадат ветар во грб. Ние ќе се потрудиме да дадеме максимум“, порача Зидан.

Тоа што загрижува е начинот на кој „кралевите“ ја испуштија победата.

„Го направивме тоа што требаше, дадовме гол во второто полувреме. Но дозволивме да примиме погодок на три-четири меча пред крајот. Мораме да ги одиграме сите 90 минути, во спротивно нема да може да победуваме“, вели тренерот.