Судиите во ВАР-собата спијат: Мертенс „заплива“ во воздух и доби пенал (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фиорентина и Наполи на „Артемио Франки“ одигра одличен меч, а во дуелот со седум голови славеше гостинската екипа со 4-3.

Голем судиски пропусти на мечот се случи во 43. минута кога беше досуден пенал за Наполи, кој во гол го претвори Лоренцо Инсиње.

Дрис Мертенс „заплива“ во воздух, а судиите без оглед на ВАР-технологијата досудија пенал.

Во судиското продолжение беше забележана спорна ситуација во казнениот простор на Наполи, кога Франк Рибери беше во дуел со Елсаид Хисај. Албанецот го повлече Французинот, но судиите не досудија најстрога казна.

По мечот не чудат критиките на Винченцо Монтела, кој бурно реагираше поради грешката на судиите во ВАР-собата.

„Не разбирам зошто воопшто не ја прегледаа таа ситуација. Тоа над Мертенс беше непостоечки пенал за мене“, кажа Монтела.