„Марка“: Ова не е воопшто добро! Донесете го Нејмар, од Мадрид лесно се „крадат“ бодови! (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа во второто коло на Ла Лига одигра 1-1 на домашен терен против Ваљадолид.

„Кралевите“ поведоа со голот на Карим Бензема во 82. минута, но гостите израмнија на две минути пред крајот и освоија бод на „Сантијаго Бернабеу“.

Без повредениот Еден Азар и суспендираниот Лука Модриќ, Реал Мадрид се мачи со играта, па „Марка“ пишува дека мора да се најде решение наскоро.

„Целта на Зидан беше да направи тврдина од ‘Бернабеу’, што е важно во борба за титулата. Минатата сезона, Реал спектакуларно се распаѓаше на нашиот стадион. Ја победија ЦСКА и Ајакс во Лигата на шампиони, а во првенството загубивме дури 17 бодови и имавме пет порази. Кога Азар ќе оздрави ќе биде подобро, но пред голот на Реал и понатаму е безопасен. Единствено решение е да се ангажира Нејмар и тоа мора да биде приоритет“, сметаат новинарите на „Марка“.