Буфон беше „поздравен“ со срамен транспарент на мечот против Парма (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џанлуиџи Буфон на почетокот на векот замина од Парма за светски рекорд од 60 милиони евра во редовите на Јувентус.

Буфон често добиваше овации од фановите, но и транспаренти на поддршка од фановите на другите клубови, посебно по триумфот на Италија на Мундијалот во 2006 година.

Но, вчера во Парма се појави транспарент, кој беше со навредлива порака за италијанскиот голман.

Голманот се врати во Јувентус по сезоната во ПСЖ, па сега е втор голман, а го избра бројот 77, кој го носеше во Парма.

Но, навивачите на Парма имаа транспарент кој гласеше „Предавник без чест, симни го нашиот број од твоето име“.