„Л’Екип“: Сапуницата за иднината на Нејмар конечно заврши!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Францускиот медиум „Л’Екип“ објави дека е завршена „војната“ меѓу суперѕвездата Нејмар и шампионот ПСЖ, па Бразилецот ќе остане во Париз.

Бразилскиот фудбалер Нејмар веќе некое време се споменуваше како можно засилување на Барселона, но ПСЖ беше решен во намерата да го задржи и успеа во тоа.

Францускиот шампион за Нејмар бараше 200 милиони евра, нешто помалку од тоа што го плати на Каталонците, но на крајот беше решено Бразилецот да остане во клубот.

„Завршена е војната меѓу Нејмар и ПСЖ. Тие разговараат нормално и Бразилецот дефинитивно ќе остане во Париз, и покрај шпекулациите дека ќе замине во Барселона или Реал Мадрид“, објави францускиот медиум.