„Марка“ обвинува: Реал Мадрид има осум нерешливи проблеми – од потрошен тим до лоши засилувања!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Марка“ направи анализа по киксот на Реал Мадрид против Ваљадолид (1-1) во второто коло од шпанската Ла Лига.

Шпанскиот медиум обвинува дека „кралевите“ имаат осум нерешливи проблеми.

  1. Голови, како што беше случај и лани. Нив ги дава само Карим Бензема, но ниту минатата сезоона не успеаа да го „покријат“ отсуството на Кристијано Роналдо. Сега се надеваат дека Еден Азар ќе им помогне во тоа, но едноставно е невозможно.
  2. Тимот е бавен, посебно средниот ред, а тоа се забележува на натпреварите. Касемиро, Крос, Модриќ и Иско често остануваат без здив, како да се потрошени.
  3. Ако се задржиме на средниот ред, тој е послаб од минатата година. Си замина Дани Себаљос на позајмица, Љоренте кој е природна замена за Касемиро беше продаден, а Валверде не добива шанса. Не ги купија ниту Погба, Ериксен или некој друг фудбалер…
  4. Голема е разликата во линиите меѓу тимот, па би можела да стане уште поголема, ако пристгне Нејмар. Асенсио е повреден, Иско е во лоша форма, а некој треба да трча освен Касемиро.
  5. Понекогаш може да се игра лошо и да се победи, ако имате голман кој ќе ве спаси од тоа. Реал го користи Куртоа, кој е преценет во однос на поранешниот голман Касилјас, но и Кејлор Навас, кој е резерва.
  6. Нема решение ниту на клупата, а тоа делува неверојатно. Во тимот беа вложени 300 милиони евра, а медиумите пишуваат дека ниту Јовиќ, ниту Винисиус не може да го сменат текот на мечот.
  7. Промашуваа и со младите фудбалери, ако се гледа тимот кој играше вчера. Против Ваљадолид имаше осум играчи во тимот кои играа и во 2014. Просечна старост? Неверојатни 29 години, а тоа е неверојатно зашто претходниот период намерно беа ангажирани помлади фудаблери.
  8. На крајот, медиумот пишува дека преодниот рок е лош, зашто само Азар може да биде стартер. Останатите се алтернативи…