Нејмар со „лајк“ на Инстаграм почна нови шпекулации за трансфер (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот фудаблер Антоан Гризман синоќа постигна два гола во победата против Бетис (5-2) во второто коло од Ла Лига.

Бетис почна одлично и поведе по 15 минути игра, но Барселона направи пресврт во второто полувреме и убедлив триумф.

По мечот Гризман објави фотографија од прослава на голот на Инстаграм, која се најде во центар на внимание и тоа поради Нејмар.

Бразилецот ја „лајкна“ неговата објава и повторно почнаа шпекулациите дека наскоро се враќа во Барселона.

Навивачите на Барселона се убедени дека Нејмар се враќа во ПСЖ, зашто тој ја „лајкна“ објавата и на Серхи Роберто.