Нови главоболки за Зидан: Уште една ѕвезда на Реал Мадрид се повреди


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Неверојатна ситуација владее во Реал Мадрид, поради тоа што имаат еден куп повредени фудбалери. По Еден Азар и Хамес Родригез, сега најнова главоболка на Зинедин Зидан му направи Иско.

Одличниот фудбалер го повреди бутниот мускул на десната нога, а „кралевите“ не соопштија колку време ќе паузира Шпанецот.

Иско стана осми фудбалер на „кралевите“, кој се повреди за помалку од месец ипол, а станува збор за седмата мускулна повреда.

Хамес, Азар, Јовиќ, Родриго, Куртоа, Менди, Асенсио и Брахим двапати, се фудбалерите кои досега беа повредени.

Повредата на Иско значи дека Зидан за мечот против Виљареал на располагање ќе има само 20 фудбалери.