ФИБА доби нов претседател


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мундобаскетот во Кина почнува за два дена, а денеска ФИБА доби нов претседател пред стартот на натпреварувањето.

На Конгресот на ФИБА делегатите едногласно му дадоа доверба на Хамане Нијанг, досегашниот потпретседател на организацијата, кој го наследи Хорасио Мураторе и доби мандат до 2023 година.

Нијанг беше претседател на ФИБА Африка, како и прв човек на кошаркарската федерација на Мали и бивш министер за спорт на државата.

„Се заблагодарувам за довербата која ми ја дадовте. Ветувам дека ќе бидам посветен на ФИБА и ќе служам за интересите на нашиот спорт. Мораме да продолжиме да работиме на развој на кошарката во секој дел од светот“, порача Нијанг.