Адеми се надева на успех: Сити е неверојатен, но можеме да играме против Шахтјор и Аталанта!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој обезбеди пласман во групната фаза со Динамо Загреб вели дека верува во успешен настап.

Динамо Загреб во групната фаза ќе играат против Манчестер сити, Шахтјор и Аталанта, а Адеми се надева дека може да обезбедат пласман во следната фаза од натпреварувањето.

„Манчестер сити е најдобриот тим во групата. А со Шахтјор и Аталанта можеме да се бориме. Имаме шанси да завршиме второпласирани во групата“, вели Адеми.

Екипата од Загреб има моќна екипа, па се надева дека би можела конечно да заигра во нокаут-фазата на Лигата на шампиони и можеби да го повтори големиот успех на Хајдук од 1994 година, кога стигна до четвртфинале.