Ѓоковиќ се скара со навивач на Ју-Ес Опен: Ќе те најдам по мечот, па ќе видиш! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ имаше непријатност на теренот на Ју-Ес Опен во текот на мечот со Денис Кудла.

Не е јасно што му кажал навивачот на Ѓоковиќ, но очигледно го налутил, па Србинот тргна во негов правец.

„Ќе те најдам по мечот, верувај ми“, кажа Ѓоковиќ додека се расправаше со непознатиот човек.

Српскиот тенисер по мечот не сакаше да открие што му кажал навивачот.

„Ќе го оставам тоа меѓу нас. Меѓутоа, тоа ми помогна. Ниту тој самиот не го знае тоа. Нема да зборувам за тоа. Верувам дека ми направи голема услуга“, порача Ѓоковиќ.

Србинот во осминафиналето ќе игра против големиот ривал Станислав Вавринка.