Србија ја прегази Ангола со +46 на стартот на Мундобаскетот (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светското кошаркарско првенство во Кина официјално почна, а денеска беше одигран првиот меч меѓу Србија и Ангола, кој го доби нашиот сосед со неверојатни 105-59.

Србија покажа дека од неа ќе се очекува голем резултат на Мундобаскетот, а Ангола немаше шанса да му се спротистави на големиот ривал.

Ангола на почетокот се држеше во игра, но Србија по првата четвртина имаше предност од 29-20. До крајот на полувреме продолжи доминацијата на Србите и стигна до 50-32.

Тука не застанаа српските кошаркари, кои набрзо ја преминаа и границата од 30 поени предност. Србија во последната четвртина стигна и до +49, но сепак на крајот славеше со 105-59.

Најдобар во српската репрезентација беше Богдан Богдановиќ со 25 постигнати поени.