Реакцијата на Ѓоковиќ откако новинарите го прашаа за инцидентот со навивачот (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ имаше инцидент на мечот против Денис Кудла, кога еден навивач од публика го провоцираше, по што Србинот му кажа дека ќе го најде надвор од тенискиот терен.

Новинарите дури трипати на прес-конференцијата се обидоа да дознаат со различни прашања што му кажал навивачот, а на крајот успеаа да извлечат реакција од Србинот.

„Да, ќе го најдам и ќе го частам пијалок. Ми се допаѓа момчето. Ќе го зачувам тоа за нас, но тој ми помогна, иако не ни знае за тоа“, кажа иронично Ѓоковиќ.

Да потсетиме, Ѓоковиќ го совлада Кудла, па во осминафиналето ќе игра против Станислав Вавринка.