Вардар ја совлада Ал Вехда и го освои третото место на Супер Глоуб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар успеа да слави во мечот за третото место на Супер Глоуб против Ал Вехда со 30-26, па доби 150.000 долари како награда за постигнатиот успех.

Ал Вехда играше подобро во текот на првите 30 минути, па често го имаа водството, барем до 21. минута, кога Вардар поведе, а на полувреме двете екипи заминаа со 16-16.

Во второто полувреме Ал Вехда погоди за водство од 17-16, но потоа следуваше одлична игра на Вардарци, кои стигнаа до 21-17 и тука ги решија дилемите за победникот. До крајот на средбата ја одржуваа предноста, а на крајот славеа со 30-26 и ја оправдаа фаворитската улога.

Денеска во финалето од 16.20 часот играат Кил и Барселона.