Сапуницата е готова: Нејмар нудел пари за да се пресели во Барселона, но…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сапуницата за иднината на Нејмар е готова, барем така изгледа. Сите шпански и француски медиуми пишуваат дека Бразилецот сфатил дека враќањето во Барселона нема да се реализира, па ја известил управата на ПСЖ дека останува во клубот.

Барселона не можеше да ги исполни барањата на ПСЖ, посебно зашто голем дел од фудбалерите кои беа подготвени за трампа, одбија трансфер во Париз.

Ѕвездата на ПСЖ сакала да се откаже од 20 милиони евра за да се реализира трансферот, но ниту тоа не успеало во преговорите, па не му останало ништо друго освен да остане во Париз.

„Л’Екип“ пишува дека Нејмар го известил семејството дека ќе остане уште една година во француската престолнина, по што најверојатно ќе се врати во Каталонија.