Погледнете како се снајде Модриќ во американски фудбал (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По цела низа награди кои ги доби за фантастичната 2018 година, Лука Модриќ конечно доби една и во 2019 година. Тој беше прогласен за најдобар играч во НФЛ-Челинџ.

За потребите на една емисија, во која спортистите пробуваат различни предизвици од други спортови, Модриќ играше заедно со Ленд Колинс, додека Серхио Рамос беше со Џош Норман.

Модриќ не само што најдобро ги изврши сите задачи, туку и покажа дека топката за американски фудбал не му е чудна.

Освен тоа, се покажа и како учител, зашто со само еден едноставен совет од својот соиграч Колинс се претвори во прецизен стрелец.

Покажа колку е добар и под притисок, зашто заблеска во решавачкиот меч и донесе победа на својот пар, а потоа беше прогласен и за МВП.