Леклер славеше во Белгија и стигна до првата победа во Ф1


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Ферари, Шарл Леклер е победник на трката во Формула 1 за Големата награда на Белгија.

Леклер вчера беше најдобар во квалификациите и денеска тргна од пол-позицијата, па на крајот стигна до првата победа.

Второто место го освои Луис Хамилтон од Мерцедес, кој на крајот имаше задоцнување зад Леклер од 0.981, а третото место го освои Валтери Ботас со задоцнување од 12.585 секунди.

Вториот возач на Ферари, Себастијан Фетел заврши на четврто место, а потоа следеа Албон, Перез, Квајт, Хулкенберг, Гасли и Строл.

Во текот на трката имаше и судир меѓу Макс Ферстапен и Кими Раиконен, по што Холанѓанецот мораше да се откаже.