Договорена е трампата со Реал Мадрид, ПСЖ доби двајца нови голмани во еден ден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Скај Спортс“ дознава дека од таборот на ПСЖ се многублиску до ангажман на голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас.

Имено искусниот голман веќе се наоѓа во Париз каде треба да ги договори личните услови пред и официјално да стави потпис на договор со францускиот шампион.

Во спротивна насока, кон Реал Мадрид ќе се упати досегашниот прв чувар на мрежата на клубот, Алфонс Ареола кој во „кралскиот клуб“ ќе го има статусот на резерва на Тибо Куртоа.

Освен Навас, во таборот на ПСЖ пристигна уште еден голман и тоа Серхио Рико кој доаѓа на „Паркот на принцовите“ како позајмен фудбалер од редовите на Севилја.