Официјално: Кејлор Навас четири години во ПСЖ, Ареола една во Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Искусниот чувар на мрежата, Кејлор Навас и официјално го напушти Реал Мадрид и потпиша договор со тимот на ПСЖ.

Костариканецот се обврза на четиригодишна верност со францускиот шампион кој на Реал Мадрид ќе му исплати 15 милиони евра за неговите услуги.

Навас помина пет години во Мадрид и одигра над сто натпревари за клубот во кој одигра клучна улога во освојувањето на три едноподруго титули во Лигата на шампионите.

„Навистина сум возбуден што потпишав за ПСЖ. Доаѓам во Франција со големи надежи, ова е многу престижен клуб и јас со нетрпение очекувам да бидам дел од оваа авантура. Ќе сторам се што можамда му помогнам на ПСЖ да освојува нови титули“ –истакна Навас.

Досегашниот прв голман на ПСЖ, Алфонс Ареола пак следната сезона ќе ја помине како позајмен фудбалер во Реал Мадрид. Втор голман на францускиот клуб се очекува да биде Серхио Рико кој вчера пристигна во ПСЖ од Свеилја.