ПСЖ повеќе не решава: ФИФА го одреди износот на следниот трансфер на Нејмар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во текот на целото лето Нејмар се обидуваше да замине од ПСЖ и да се врати во Барселона, меѓутоа не му се оствари желбата.

Иако во последните денови од преодниот рок Барселона се обиде да се договори со ПСЖ, сепак тие не најдоа заеднички јазик.

Сепак, еден од најдобрите фудбалери и следното лето ќе сака да се врати во Барселона, а на своја страна ќе го има и правилникот на ФИФА.

„Мундо Депортиво“ пишува дека ФИФА за 12 месеци може да го одреди износотна откупната клаузула, зашто во меѓувреме ќе помине „период на заштита“.

Тоа правило се однесува на фудбалери кои немаат откупна клаузула, а три сезони се член на тој клуб, додека во меѓувреме не ја продолжиле соработката.

Наводно, агентите на Нејмар веќе ја контактирале светската куќа на фудбалот и знаат дека ќе може да се реализира трансфер во износ од 170 милиони евра.