Надал го прегази Беретини и си закажа финале со Медведев на Ју-Ес Опен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рафаел Надал е втор финалист на годинешното издание на Ју-Ес Опен, откако синоќа Данил Медведев беше подобар од Григор Димитров со 3-0 во сетови, а потоа Шпанецот со ист резултата го суреди младиот Матео Беретини.

Како и Димитров против Медведев, така и младиот Италијанец играше одлично против Надал. Сервираше одлично, спаси неколку брејк-топки и стигна до тај-брејк. Таму водеше со 4-0 и со 6-4, но не успеа да го освои сетот.

Потоа Шпанецот го засили притисокот, па ги освои вториот и третиот сет многу лесно, односно со 6-4 и 6-1.

Пред фантастичниот Шпанец е уште една пречка за да стигне до 19-от гренслем-трофеј во кариерата, а таа се вика Медведев.