Фантастичен натпревар на „Рајко Митиќ“: Португалија ги однесе бодовите (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Португалија славеше со 4:2 на гостувањето кај Србија на стадионот „Рајко Митиќ“.

Во еден одличен натпревар кој  беше посебно интересен во вториот дел Португалците ги добија трите бода откако постигнаа четири погодоци во мрежата на Дмитровиќ.

Вилијам Карваљо го отвори резултатот во 42. минута од натпреварот и со таков резултат се замина на полувреме.

Во вториот дел видовме вистинска голеада. На 2:0 зголеми Гонзало Гуедеш во 58. минута, а само десет минути подоцна Миленковиќ намали на 2:1.

Роналдо во 80. минута зголеми на 3:1, а надежта за Србија ја врати Митровиќ со гол во 85. минута. Сепак, по само една минута Бернардо Силва погоди за 4:2 и веднаш ги урна надежите на домашната селекција.

Репрезентацијата на Турција пак стигна до неочекувано тешка победа од 1:0 против Андора со погдоко постигна во 90. минута од натпреварот.